ПРИМИРЈЕТО СО ИРАН Е ЗАВРШЕНО, САМО МИ ГО ГУБАТ ВРЕМЕТО, КАЖА ТРАМП

    ПРИМИРЈЕТО СО ИРАН Е ЗАВРШЕНО, САМО МИ ГО ГУБАТ ВРЕМЕТО, КАЖА ТРАМПТрамп кажа дека иранскиот режим се зли, болни луѓе (Фото: Гети)

    Доналд Трамп изјави дека примирјето помеѓу САД и Иран е завршено откако двете страни извршија нови напади денеска.

    Не сакам повеќе да се договарам со нив, тие се ѓубре. Што се однесува до мене, сè е завршено. Губење време е да преговараме со нив, тие се лажговци. Преговарачите од двете страни можат да разговараат, но го губат своето време“, кажа Трамп во Анкара, каде што учествува на самитот на НАТО.

    САД кажаа дека извршија напади врз повеќе од 80 ирански мети откако три танкери беа нападнати во Ормускиот Теснец, на што Иран одговори со удари врз американските воени бази во Кувајт и Бахреин.

    Искрено, јас повеќе не сакам да си го губам времето со нив. Ќе им дозволам на нашите прекрасни преговарачи да продолжат да разговараат ако сакаат, но јас не го гледам тоа“, кажа Трамп.

    Иран и САД минатиот месец потпишаа меморандум за разбирање како прв чекор кон постигнување конечен договор за трајно завршување на војната.

    Иранскиот режим се зли, болни луѓе. Тие се рак и знаете што треба да направите со рак – мора рано да го отстраните“, додаде Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира