ПРИТВОРЕНИ СВЕШТЕНИЦИ НА СРПСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ЛИТИЈА ПО УЛИЦИТЕ НА НИКШИЌ

    ПРИТВОРЕНИ СВЕШТЕНИЦИ НА СРПСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ЛИТИЈА ПО УЛИЦИТЕ НА НИКШИЌНа литијата по повод денот на Свети Василиј Острошки учествувале илјадници граѓани (Фото: Вијести)

    Црногорската полиција синоќа ги приведе епископот на Српската православна црква (СПЦ) Јоаникие и уште седуммина свештеници за организирање литија во Никшиќ, со што ја прекршиле владината забрана за организирање масовни собири поради епидемијата на коронавирусот.

    Обвинителството на Никшиќ утрово им изрече 72-часовен притвор на Јоаникие и на останатите приведени свештеници.

    Митрополитот на СПЦ Амфилохие и Јоаникие ја предводеа традиционалната литија по улиците на Никшиќ по повод денот на Свети Василиј Острошки, во која учествувале илјадници граѓани. Според Амфилохие, молитвата требало да се одржи во црква, но „кога виделе колку верници се собрале, решиле да не се откажат од прошетката“.

    „Со овој верски собир, Српската православна црква ја прекрши одредбата за забрана на организирање собири. Сите кои не се придржуваа до ветувањата дадени на полицијата ќе сносат одговорност и последици“, изјави директорот на црногорската полиција Веселин Вељовиќ.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира