ПРОНАЈДЕНО УШТЕ ЕДНО ТЕЛО ПО ВЧЕРАШНИТЕ ПРЕСТРЕЛКИ ВО КОСОВО, НАПАЃАЧИТЕ ПЕШКИ ЗАМИНАЛЕ ОД МАНАСТИРОТ ВО БАЊСКА

    ПРОНАЈДЕНО УШТЕ ЕДНО ТЕЛО ПО ВЧЕРАШНИТЕ ПРЕСТРЕЛКИ ВО КОСОВО, НАПАЃАЧИТЕ ПЕШКИ ЗАМИНАЛЕ ОД МАНАСТИРОТ ВО БАЊСКАКосовската полиција го покажа оружјето запленето од напаѓачите (Фото: Н1)

    Обвинителството на Косово објави дека на северот на земјата е пронајдено уште едно тело, при што се верува дека станува збор за лице кое учествувало во вчерашните престрелки. Бројот на убиените напаѓачи со тоа порасна на четворица.

    Телото е пронајдено околу 1,5 километри од местото на инцидентот. Се обидуваме да го идентификуваме, зашто кај себе немал никакви документи“, изјави обвинителот Наим Абази, додавајќи дека на самото место е пронајдено уште едно возило со оружје.

    Косовските власти вчера соопштија дека во полициската акција се убиени тројца напаѓачи, а шест лица се уапсени, од кои двајца напаѓачи и четворица кои им давале поддршка. Двајца од убиените биле од Лепосавиќ, а еден од Звечан, две општини со мнозинско српско население.

    Според косовскиот премиер Албин Курти, вооружената група која вчера уби полицаец кај селото Бањска ја сочинувале 30-ина луѓе. По престрелките со косовската полиција во текот на денот, напаѓачите упаднале во манастирот во Бањска, од каде што заминале во вечерните часови.

    Напаѓачите кои не се неутрализирани или уапсени успеале пешки да заминат од просторот околу манастирот. Тие зад себе ги оставија возилата што ги користеле во нападот“, изјави генералниот директор на косовската полиција Газменд Хоџа.

    Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти меѓусебно се обвинуваат за една од најголемите безбедносни кризи во Косово во последните години. Вучиќ го осуди убиството на полицаецот, но го обвини Курти дека инцидентот е резултат на провокации кои траеле со месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира