ПРОВИНЦИСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК И ТАТКО НА СЕДУМ ДЕЦА ЌЕ ГО ПРЕДИЗВИКА ОРБАН НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА ВО 2022

    ПРОВИНЦИСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК И ТАТКО НА СЕДУМ ДЕЦА ЌЕ ГО ПРЕДИЗВИКА ОРБАН НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА ВО 2022Петер Марки-Зој победи на вчерашните избори за заеднички кандидат на опозицијата

    Конзервативен провинциски градоначалник ќе му се спротивстави на премиерот Виктор Орбан на парламентарните избори во Унгарија следната година. Петер Марки-Зој, партиски неопределен политички аутсајдер, победи на вчерашните избори за заеднички кандидат на опозицијата.

    Анкетите за јавно мислење сметаат дека Марки-Зој има најдобри шанси да го собори Орбан, чија партија Фидес е на власт од 2010.

    „Сакаме нова, позелена, чесна Унгарија, а не само да ги замениме Орбан и неговата партија“, им порача Марки-Зој на своите поддржувачи во Будимпешта.

    Четириесет и деветгодишниот Марки-Зој е посветен католик и татко на седум деца. Тој живеел во САД и Канада, а во политиката се проби во 2018, кога стана градоначалник на јужниот град Ходмезовасархелји, кој дотогаш важел за упориште на Орбан.

    Со години, Фидес профитираше од поделеноста на опозицијата во Унгарија и за првпат откако дојде на власт, таа ќе се соочи со обединет фронт на опозициските партии, што ги вклучува социјалистите, либералите и некогашната крајнодесничарска партија Јобик.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира