ПРВИ СМРТНИ СЛУЧАИ ВО ГЕРМАНИЈА, КОРОНАВИРУСОТ СЕГА ГО ИМА ВО СИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

    ПРВИ СМРТНИ СЛУЧАИ ВО ГЕРМАНИЈА, КОРОНАВИРУСОТ СЕГА ГО ИМА ВО СИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈАСветската здравствена организација предупреди дека постои реална закана од пандемија (Фото: АП)

    Германија ги потврди првите смртни случаи од коронавирусот. Здравствените власти кажаа дека тие се случија во градот Есен и во областа Хајнсберг, во западната сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија.

    Во земјата досега има повеќе од илјада заразени со КОВИД-19, од кои половина се во Северна Рајна-Вестфалија.

    „Постои реална закана од пандемија. Но, тоа би била прва пандемија што би можеле да ја контролираме. Со правовремени одлуки можеме да го успориме ширењето на вирусот. Од заразените, мнозинството ќе заздрават“, изјави шефот на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус.

    И Кипар денеска ги пријави првите два случаи на коронавирус, со што тој сега се прошири во сите земји од Европската Унија.

    Хрватска воведува нови мерки, при што сите странци кои доаѓаат од земјите во кои што постои голема раширеност на коронавирусот задолжително ќе бидат ставени во 14-дневна изолација, а се забрануваат и сите собири со повеќе од илјада луѓе.

    Во Шпанија во последните 24 часа се регистрирани 410 новозаразени, чија вкупна бројка сега изнесува 999.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира