ПУКАЊЕ ВО ШКОЛО ВО ШВЕДСКИОТ ГРАД ЕРЕБРО, МЕДИУМИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ИМА ПОВЕЌЕ МРТВИ

    ПУКАЊЕ ВО ШКОЛО ВО ШВЕДСКИОТ ГРАД ЕРЕБРО, МЕДИУМИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ИМА ПОВЕЌЕ МРТВИНападот се случи во образовен центар за возрасни во рамките на кампус (Фото: АП)

    Неколку луѓе се убиени во пукање во школо за возрасни во шведскиот град Еребро, објавија шведските медиуми. Властите досега не потврдија дека има мртви, туку само кажаа дека петмина луѓе се ранети, од кои еден е во критична состојба.

    Полицијата се сомнева дека еден од ранетите во болница е напаѓачот.

    Засега не можеме да потврдиме дека има загинати. Немам информации за возраста на жртвите и дали се ученици. Знаеме со сигурност дека осомничениот напаѓач е маж“, изјави полицискиот началник Роберто Еид Форест.

    Нападот се случи околу 13 часот во образовен центар за возрасни во рамките на кампус, во кој се наоѓаат и други училишта. Весникот „Афтонбладет“ објави дека нападот го извршил 35-годишник, кој пукал со автоматско оружје.

    Ова е болен ден за сите во Шведска. Операцијата и натаму е во тек и важно е јавноста да ги следи упатствата на полицијата. Ова е екстремно сериозно“, изјави премиерот Улф Кристерсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира