ПУТИН ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ СО КОЈ МОЖЕ ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ ДО 2036

    ПУТИН ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ СО КОЈ МОЖЕ ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ ДО 2036Со новиот закон, претходните четири мандати на Путин не се важат (Фото: Ројтерс)

    Владимир Путин го потпиша законот што ќе му дозволи уште двапати да се кандидира за претседател, со што би можел да остане на власт во Русија до 2036 година. Со тоа е завршен едногодишниот процес на менување на уставот низ референдуми, што критичарите го опишаа како грубо узурпирање на власта.

    Путин е најмоќниот руски политичар откако првпат стана претседател во 2000 година. Ако остане на власт до 2036, тој ќе го надмине и Јосиф Сталин, кој владееше со Советски Сојуз 29 години.

    Официјално, новиот закон ги ограничува руските државјани на два претседателски мандата во нивниот живот, но не ги зема предвид мандатите што постоеле пред тој да стапи на сила, па претходните четири мандати на Путин сега не се важат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира