ПУТИН ЌЕ ЈА ПРИЗНАЕ НЕЗАВИСНОСТА НА ДОЊЕЦК И ЛУГАНСК

    ПУТИН ЌЕ ЈА ПРИЗНАЕ НЕЗАВИСНОСТА НА ДОЊЕЦК И ЛУГАНСКПутин веќе ги известил Макрон и Шолц за своите намери (Фото: АП)

    Владимир Путин ќе ја признае независноста на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, области во источна Украина кои се под контрола на проруските сепаратисти од 2014 година. Ова денеска од него го побараа лидерите на двата региона, Денис Пушилин и Леонид Пасечник, а пред една недела и рускиот парламент.

    Во соопштението на Кремљ се вели дека Путин им рекол на лидерите на Германија и Франција дека има намера да потпише декларација за признавање на областите Доњецк и Луганск како независни држави.

    „Во блиска иднина, Путин планира да потпише извршна наредба“, кажа Кремљ.

    Оттаму додаваат дека Емануел Макрон и Олаф Шолц изразиле разочарување од таквиот развој на ситуацијата, но навестиле дека се подготвени да ги продолжат контактите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира