ПУТИН МУ РЕКОЛ НА КИНЕСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ШЈИ ДЕКА САКА ДА ПРЕГОВАРА СО УКРАИНА

    ПУТИН МУ РЕКОЛ НА КИНЕСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ШЈИ ДЕКА САКА ДА ПРЕГОВАРА СО УКРАИНАИ Зеленски го повика Путин да се врати на преговарачка маса (Фото: АП)

    Владимир Путин му рекол на кинескиот претседател Шји Џинпинг дека е подготвен за разговори на високо ниво со Украина, објавија кинеските медиуми.

    „САД и НАТО долго време ги игнорираа разумните безбедносни грижи на Русија, постојано не ги почитуваа своите обврски и продолжуваа да распоредуваат воена опрема кон исток. Русија е подготвена да преговара со Украина на високо ниво“, му рекол Путин на Шји во денешниот телефонски разговор, пренесе кинеската државна телевизија „ЦЦТВ“.

    Кина не ја осуди руската инвазија директно, но кажа дека ги поддржува напорите кризата околу Украина да се реши низ дијалог.

    Украинскиот претседател Зеленски го повика Путин да се врати на преговарачка маса, додека руските сили го засилуваат притисокот врз Киев и напредуваат во други делови на земјата.

    „Сакам уште еднаш да му се обратам на Путин: борбите се водат низ цела Украина, ајде да седнеме и разговараме и да спречиме убивања“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира