ПУТИН ТАНЦУВАШЕ СО АВСТРИСКАТА МИНИСТЕРКА КНАЈСЕЛ НА НЕЈЗИНАТА СВАДБА ПРЕД СРЕДБАТА СО МЕРКЕЛ

    ПУТИН ТАНЦУВАШЕ СО АВСТРИСКАТА МИНИСТЕРКА КНАЈСЕЛ НА НЕЈЗИНАТА СВАДБА ПРЕД СРЕДБАТА СО МЕРКЕЛПутин ѝ подари цвеќе и танцуваше со Карин Кнајсел која се венчаше со бизнисменот Волфганг Мајлингер на свадбата близу Грац, во винскиот регион во Штаерска (Фото: АП)

    Рускиот претседател Владимир Путин денеска дојде на свадбата на австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсел, која доби многу критики што го поканила. Путин ѝ подари цвеќе и танцуваше со Кнајсел (53) која се венчаше со бизнисменот Волфганг Мајлингер на церемонијата близу Грац, во винскиот регион во Штаерска.

    Кнајсл стана министерка како независен кандидат, на предлог на од проруската и антиимигрантска Слободарска партија, која е партнер во владејачката коалиција.

    Вечерва, Путин ќе има средба со германската канцеларка Ангела Меркел, во владината вила во Месеберг, северно од Берлин. Темите за билатералните разговори се Украина, Сирија, и планираниот гасовод Северен тек од Русија за Германија, против чија изградба се САД и некои земји на ЕУ.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари