„СПУТНИК“ Е СИГУРЕН КАКО „КАЛАШНИКОВ“, ВЕЛИ ПУТИН ОТКАКО Е ОДОБРЕНА “СПУТНИК ЛАЈТ“ ВЕРЗИЈА СО ЕДНА ДОЗА

    „СПУТНИК“ Е СИГУРЕН КАКО „КАЛАШНИКОВ“, ВЕЛИ ПУТИН ОТКАКО Е ОДОБРЕНА “СПУТНИК ЛАЈТ“ ВЕРЗИЈА СО ЕДНА ДОЗАНовата вакцина „Спутник лајт“ во тестирањата покажала делотворност од 79,4% (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претседателот Владимир Путин изјави дека руската вакцина против ковид-19 „спутник“ е сигурна исто колку и „калашников“. Ова следува откако здравствените власти на Русија ја одобрија верзијата на „спутник“ од која е потребна само една доза, наречена „спутник лајт“.

    „Спутник“ функционира на ист начин како вакцините на „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“, така што користи безопасен, мртов вирус, преку кој се внесува делче од коронавирусот во телото. Вакцината беше пречекана со голема скепса откако руските регулатори ја одобрија уште во август минатата година, но подоцнежните клинички тестирања покажаа дека дава висока заштита од ковид-19.

    „Спутник лајт“ и официјално беше одобрена вчера и нејзините производители велат дека во тестирањата покажала делотворност од 79,4%.

    „Режимот со една доза овозможува имунизација на поголем број луѓе во пократок временски рок“, соопштија властите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира