РАКЕТАТА НА ИЛОН МАСК СО ДВАЈЦА АСТРОНАУТИ УСПЕШНО ЛАНСИРАНА ОД ФЛОРИДА

    РАКЕТАТА НА ИЛОН МАСК СО ДВАЈЦА АСТРОНАУТИ УСПЕШНО ЛАНСИРАНА ОД ФЛОРИДАВо новата капсула „дрегон“ се наоѓаат едни од најискусните американски астронаути Даг Харли и Боб Бенкен (Фото: НАСА)

    Ракетата на Илон Маск со двајца американски астронаути во екипажот успешно е лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, означувајќи почеток на нова ера во патувањата во вселената.

    Изградена од „Спејс-Екс“, првпат во историјата една приватна компанија испрати ракета со човечки екипаж во вселената. Во новата капсула „дрегон“ се наоѓаат едни од најискусните американски астронаути Даг Харли и Боб Бенкен, кои ќе поминат неколку недели на Меѓународната вселенска станица.

    „Апсолутна чест е да се биде дел од овој огромен напор. Ќе зборуваме повторно од вселената“, изјави Харли непосредно пред лансирањето, прво од американска почва од 2011 година.

    Петнаесет минути од полетувањето, капсулата се оддели од ракетата и тргна кон Станицата. Се очекува летот да трае 19 часови.

    Историскиот лет оригинално требаше да се случи во средата, но беше откажан на 17 минути пред лансирањето поради лошо време.

    Маск се надева дека ова е почетокот на комерцијалните летови и на „такси“ превозот во ниската орбита на Земјата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира