РАЗРЕШЕНИТЕ КАТАЛОНСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ДОБИЈА РОК ОД НЕКОЛКУ ЧАСА ДА СИ ЗАМИНАТ

    РАЗРЕШЕНИТЕ КАТАЛОНСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ДОБИЈА РОК ОД НЕКОЛКУ ЧАСА ДА СИ ЗАМИНАТНајави дека нема да слуша наредби од Мадрид. - Карлес Пуигдемонт (Фото: АФП)

    Шпанската влада им укажа на разрешените министри и официјални лица од регионалната власт во Каталонија дека имаат рок од неколку часа да си ги соберат личните работи и да ги ослободат канцелариите.

    Почнувајќи од денеска, Мадрид ја презема контролата врз регионалните институции и ваквата состојба ќе трае до предвремените избори на 21 декември, како одговор на едностраното прогласување на независност во петокот.

    „Сакаме да ја повратиме нормалната состојба во најголема дискреција и со минимум интервенирање“, изјави шпанскиот министер за внатрешни работи, Хуан Игнасио Соидо.

    Со одлуката на Мадрид, над 150 каталонски функционери беа тргнати од своите позиции, вклучувајќи го и претседателот Карлес Пуигдемонт, но некои од нив, сепак, се појавија на своите работни места денеска наутро.

    Продолжуваме со предвидената агенда. Јас сум во мојата канцеларија и работам во интерес на граѓаните на Каталонија, кои нѝ ја додоа довербата“, изјави министерот за животна средина и одржлив развој, Хосеп Руљ.

    Пуигдемонт и неговиот заменик Ориол Хункерас претходно кажаа дека не ги признаваат одлуките на Мадрид и дека тие можат да бидат тргнати од нивните позиции само од каталонскиот народ. Ако не ја послушаат наредбата, тие би можеле да бидат уапсени. Доколку биде затворен, Пуигдемонт нема да може да се кандидира на изборите на 21 декември.

    Очекуваме сите локални полицајци да се однесуваат професионално“, изјави шпанскиот министер за надворешни работи, Алфонсо Дастис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира