РЕЧИСИ 700 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА

    РЕЧИСИ 700 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСАИталија ја надмина бројката од 7.500 починати (Фото: АФП)

    Италија имаше уште еден катастрофален ден во борбата против коронавирусот откако во последните 24 часа починаа 683 луѓе, со што вкупната бројка порасна на 7.503, убедливо најмногу на светот.

    Ова, сепак, е помала бројка во однос на вчера, кога имаше 743 мртви.

    Во изолација е и шефот на цивилната заштита Анџело Борело, кој секој ден на прес-конференција ја известуваше јавноста за новите бројки.

    Во Италија има и 5.210 нови случаи на коронавирус и излекувани се уште 1.036 луѓе. Вкупната бројка заразени досега е 74.386 луѓе.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари