РИЗИКОТ ОД ЗАРАЗА СО КОРОНАВИРУС Е ПОМАЛ ВО АВИОН ОТКОЛКУ ВО КАНЦЕЛАРИЈА

    РИЗИКОТ ОД ЗАРАЗА СО КОРОНАВИРУС Е ПОМАЛ ВО АВИОН ОТКОЛКУ ВО КАНЦЕЛАРИЈАСпоред ИАТА, досега оваа година се регистрирани само 44 случаи на зараза со коронавирус за време на авионски лет - Стјуардеса пред полетување на авион на хрватската авикомпанија Кроација ерлајнс (Фото: Croatian - Инстаграм)

    Летањето со авион би можело да биде побезбедно од работа во канцеларија среде пандемијата на коронавирусот, велат најголемите компании за производство на патнички авиони „Ербас“, „Боинг“ и „Ембраер“.

    „Ербас“ презентираше компјутерски модел кој покажува дека патниците кои седат едни до други во авион и притоа носат маска се изложени на двојно помалку капки од кашлањето отколку луѓето кои се во канцеларија на растојание од 1,8 метри. Со слични податоци излезе и „Боинг“.

    „Имаме конкретни докази дека авионската кабина нуди побезбедно окружување од внатрешни јавни простори“, изјави Бруно Фарџон од „Ербас“ на прес-конференцијата на Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА) во Женева.

    Според ИАТА, досега оваа година се регистрирани само 44 случаи на зараза со коронавирус за време на авионски лет. Тоа значи дека еден во 27,3 милиони патници фатиле коронавирус.

    „Дури и ако 90% од случаите не се пријавени, тоа повторно би бил еден случај на 2,7 милиони патници“, вели медицинскиот советник на ИАТА Дејвид Пауел.

    Авионите имаат филтерски системи кои го прочистуваат воздухот во целата кабина на секои две-три минути, додека во канцелариите тоа се прави на два-три часа, велат најголемите производители на авиони на прес конференцијата на ИАТА.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира