„РОЛИНГ СТОУНС“ МУ СЕ ЗАКАНИ НА ТРАМП СО ТУЖБА ЗАШТО ЈА ПУШТА НЕЈЗИНАТА МУЗИКА НА МИТИНЗИ

    „РОЛИНГ СТОУНС“ МУ СЕ ЗАКАНИ НА ТРАМП СО ТУЖБА ЗАШТО ЈА ПУШТА НЕЈЗИНАТА МУЗИКА НА МИТИНЗИТрамп без дозвола ја користеше музиката на „Ролинг стоунс“ и во претходната кампања (Фото: Ројтерс)

    „Ролинг стоунс“ го предупреди Доналд Трамп дека ќе се соочи со тужба доколку продолжи да ја користи нивната музика на предизборните митинзи.

    Ова уследи откако на митингот во Тулса беше пуштена песната „Не можеш секогаш да добиш она што го сакаш“ (You Can’t Always Get What You Want). Истата песна Трамп ја користеше и во претходната кампања.

    „‘Ролинг стоунс‘ не го поддржува Доналд Трамп“, објави групата на Твитер пред четири години.

    Претставниците на групата сега кажаа дека ќе бидат принудени да преземат чекори за да го спречат Трамп да го користи нејзиниот материјал откако претходните наредби биле игнорирани.

    Претходно, и семејството на покојниот Том Пети ѝ порача на кампањата на Трамп да престане да ги користи неговите песни на митинзите.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари