РОМАНИЈА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ КАЗНИЛА 200.000 ЛУЃЕ ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ НА КАРАНТИН

    РОМАНИЈА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ КАЗНИЛА 200.000 ЛУЃЕ ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ НА КАРАНТИНВо периодот од 24 март до 19 април биле изречени казни во висина од 69 милиони евра (Фото: Гети)

    Романија изрекла 200.000 казни за прекршување на мерките на карантин за помалку од еден месец.

    Во периодот од 24 март до 19 април биле изречени казни во висина од 69 милиони евра, што е рамно на корпоративниот данок што властите го наплатиле за февруари.

    Еден од градоначалниците во Букурешт бил казнет со 10.000 леи (2.000 евра) откако бил фатен како вози велосипед во парк, иако сите се затворени за јавност. Роберт Негоица, кој го води Секторот 3 во градот, се правдал дека бил во инспекција, но кажал дека ќе го почитува законот и ќе се соочи со последиците.

    Во Романија досега има 507 починати од КОВИД-19, а позитивен тест имале над 9.200 луѓе.

    Слично на Франција и Италија, и Романците мора да пополнат формулар ако сакаат да излезат надвор. Оние што ќе ги прекршат рестрикциите се соочуваат со казна меѓу 2.000 и 20.000 леи. Просечната плата во Романија изнесува 3.000 леи.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари