РУСИЈА БЛОКИРАШЕ УСВОЈУВАЊЕ НА ДЕКЛАРАЦИЈА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ЗА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ ПОРАДИ СПОМЕНУВАЊЕ НА ЗАПОРОЖЈЕ

    РУСИЈА БЛОКИРАШЕ УСВОЈУВАЊЕ НА ДЕКЛАРАЦИЈА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ЗА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ ПОРАДИ СПОМЕНУВАЊЕ НА ЗАПОРОЖЈЕРусија ја зазеде нуклеарната централа Запорожје уште на почетокот на инвазијата на Украина. (Фото: АП)

    Русија го блокираше усвојувањето на заедничка декларација на конференција на Обединетите Нации за нуклеарно разоружување. Договорот за неширење на нуклеарно оружје, кој се разгледува секои пет години од страна на 191 земја потписничка, има за цел да го спречи ширењето на нуклеарното оружје.

    Русија овојпат се противи на споменувањето на нуклеарната централа Запорожје во Украина, која е од под руска контрола. Во предложениот текст на декларација пишува дека има длабока загриженост поради воените активности околу украинските нуклеарни централни, Запорожје поконкретно.

    Неуспехот да се усогласи заедничка декларација се случи по четиринеделната конференција во Њујорк.

    Австралискaта министерка за надворешни работи Пени Вонг кажа дека е длабоко разочарана што не беше постигнат договор.
    „Русија го опструираше процесот одбивајќи да направи компромис околу предложениот текст кој беше прифатен од сите други земји“, кажа таа.

    Рускиот претставник Игор Вишневетски рече дека предложениот текст не бил балансиран.
    „Нашата делегација имаше една клучна забелешка на некои параграфи кои беше очигледно од политичка природа“, кажа тој.
    Конечниот текст на декларацијата мора да го прифатат сите учесници на конференцијата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира