РУСИЈА ГО НАПАДНА КИЕВ СО ДРОНОВИ

    РУСИЈА ГО НАПАДНА КИЕВ СО ДРОНОВИВо нападот имало осум беспилотни летала „шахед“ од иранско производство и три крстосувачки ракети кои биле соборени. (Фото: АП)

    Русија ноќеска го нападна Киев и околниот регион со беспилотни летала по пауза од 12 дена, при што системите за противвоздушна одбрана ги уништија сите дронови, соопштија украинските воени власти. Воздухопловните сили на земјата соопштија дека во нападот имало осум беспилотни летала „шахед“ од иранско производство и три крстосувачки ракети кои биле соборени.

    „Уште еден непријателски напад врз Киев“, рече Серхи Попко, генерал-полковник кој ја предводи воената администрација на Киев, во објава на каналот Телеграм.

    Три приватни куќи се оштетени како резултат на паѓање на остатоци од беспилотни летала во регионот на Киев, при што е повредено едно лице, објави воениот шеф на регионот. Очевидци слушнале експлозии кои личат на звук на системи за противвоздушна одбрана кои погодуваат цели. Засега нема информации за размерите на нападот.

    Киев, неговиот околен регион и голем број региони на централна и источна Украина ноческа беа под предупредување за воздушен напад околу еден час по 2 часот по локално време.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира