РУСИЈА И УКРАИНА МЕЃУСЕБНО СЕ ОБВИНУВААТ ЗА УНИШТУВАЊЕТО НА БРАНАТА ВО ХЕРСОН, НИВОТО НА ВОДАТА ПОРАСНА И НА 11 МЕТРИ

    РУСИЈА И УКРАИНА МЕЃУСЕБНО СЕ ОБВИНУВААТ ЗА УНИШТУВАЊЕТО НА БРАНАТА ВО ХЕРСОН, НИВОТО НА ВОДАТА ПОРАСНА И НА 11 МЕТРИКиев кажа дека поплавите би можеле да погодат околу 80 градови и села покрај Днепар (Фото: АП)

    Порој од вода се излева низ уништената брана на реката Днепар која ги раздвојува руските и украинските сили во јужниот регион Херсон, предизвикувајќи поплави во воената зона и евакуација на жителите на погодените области.

    Украина и нејзините западни сојузници ја обвинуваат Русија за разнесувањето на браната во Нова Каховка, додека Кремљ тврди дека станува збор за намерна украинска саботажа. Некои проруски функционери дури кажаа дека браната сама попуштила. Засега нема информации за цивилни жртви. 

    Нивото на водата порасна на 11 метри во Нова Каховка. Турбинската просторија во хидроцентралата сега е под вода“, изјави прорускиот гувернер на Запорожје, Евгени Балицки.

    Надојдената вода веќе дошла и до самиот град Херсон, оддалечен 85 километри од браната.

    Нивото на водата засега порасна за еден метар. Ќе видиме како ќе се одвива ова“, изјави еден локален жител.

    Висока 30 метри и долга 3,2 километри, браната беше изградена во 1956 година и оттука со вода се снабдуваат и анектираниот полуостров Крим и нуклеарната централа Запорожје, која не била загрозена. Акумулацијата на браната вообичаено содржи 18 кубни километри вода и е едно од главните географски обележја на јужна Украина со должината од 240 километри и широчината од 23 километри.

    Претседателот Зеленски кажа дека поплавите би можеле да погодат околу 80 градови и села покрај Днепар. Од неговиот кабинет кажаа дека пробивот на браната довел до загадувањето на Днепар со 150 тони индустриски лубриканти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира