РУСИЈА ЈА ДОНЕСЕ ЕВРОПА НА РАБ НА НУКЛЕАРНА КАТАСТРОФА ОТИ НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ СЕ ИСКЛУЧИ ОД МРЕЖАТА, РЕЧЕ ЗЕЛЕНСКИ

    РУСИЈА ЈА ДОНЕСЕ ЕВРОПА НА РАБ НА НУКЛЕАРНА КАТАСТРОФА ОТИ НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ СЕ ИСКЛУЧИ ОД МРЕЖАТА, РЕЧЕ ЗЕЛЕНСКИРасте загриженоста поради борбите во близина на комплексот, кој е најголемата нуклеарна централа во Европа. (Фото: АП)

    Европа вчера се соочи со можна радијациска катастрофа, кога нуклеарната централа Запорожје окупирана од Русија беше исклучена од електричната мрежа на Украина, изјави претседателот Володомир Зеленски. Само поради резервната електрична енергија, централата во Запорожје можеше да работи безбедно, додаде тој.

    Пожарите претходно ги оштетија надземните далноводи, отсекувајќи ја централата. Расте загриженоста поради борбите во близина на комплексот, кој е најголемата нуклеарна централа во Европа.

    „Да не се вклучеа дизел генераторите, ако автоматизацијата и нашиот персонал на централата не реагираа по прекинот, тогаш веќе ќе бевме принудени да ги надминеме последиците од несреќата со радијација“, предупреди синоќа претседателот Зеленски.

    Штетата е предизвикана од пожари за кои државната нуклеарна агенција на Украина соопшти дека вчера ги попречиле далноводите што ја поврзуваат централата привремено исклучувајќи ја Запорожје од националната мрежа за првпат во нејзината историја.

    „Како резултат на тоа, двете работни енергетски единици на станицата беа исклучени од мрежата“, изјавија властите во Киев.

    Државната нуклеарна компанија соопшти дека денеска се работи на обид за повторно поврзување на реакторите во мрежата. Останатите четири реактори на Запорожје беа вон погон поголемиот дел од војната.

    Сателитските снимки направени во средата покажаа голем пожар кој гори во непосредна близина на нуклеарниот комплекс.

    Претседателот Зеленски го обвини руското гранатирање за штетата и во ноќното обраќање ја обвини Москва дека ги става Украина и Европа „на чекор“ од катастрофата.

    Но, локалниот гувернер назначен од Русија, Евгениј Балицки, ја обвини украинската војска за нападите, обвинувајќи ги дека поради тоа предизвикале прекин на електричната енергија во регионот. Руската војска ја презеде централата на почетокот на март, но сè уште ја управува украинскиот персонал под тешки услови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира