РУСИЈА ЌЕ ЧЕКА ПИСМЕНИ ОДГОВОРИ ОД САД ПРЕД ДА ГИ ПРЕЗЕМЕ СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ ОКОЛУ УКРАИНА, КАЖА ЛАВРОВ ПО СРЕДБАТА СО БЛИНКЕН

    РУСИЈА ЌЕ ЧЕКА ПИСМЕНИ ОДГОВОРИ ОД САД ПРЕД ДА ГИ ПРЕЗЕМЕ СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ ОКОЛУ УКРАИНА, КАЖА ЛАВРОВ ПО СРЕДБАТА СО БЛИНКЕНБлинкен и Лавров се сретнаа во Женева додека се стравува од нова руска инвазија на Украина (Фото: АП)

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Ентони Блинкен се сретнаа денеска во Женева во обид да ги намалат тензиите околу Украина, иако од старт кажаа дека не очекуваат никаков напредок во решавањето на кризата. Блинкен го опиша моментот како критичен, додека Лавров уште еднаш повтори дека Русија не претставува закана за Украина.

    Не очекувавме никаков голем напредок да се случи денеска, но верувам дека сега сме на појасен пат кон разбирањето на нашите позиции“, кажа Блинкен по состанокот.

    Лавров инсистирал дека Русија нема намера да ја нападне Украина, но Блинкен му рекол дека САД и сојузниците не се многу убедени во тоа.

    Ние го гледаме она што е очигледно“, изјави Блинкен.

    Лавров ги опиша разговорите како конструктивни и корисни и кажа дека Вашингтон се согласил да ѝ испрати писмени одговори на Русија за нејзините барања околу Украина и НАТО.

    Не знам дали се движиме во вистинска насока или не. Ќе го знаеме тоа откако ќе ги добиеме писмените одговори на сите наши барања следната недела“, кажа Лавров.

    Москва бара Украина никогаш да не стане членка на НАТО и повлекување на војските и опремата на алијансата од делови на Европа. САД и НАТО претходно ги одбија тие барања. Блинкен уште еднаш предупреди дека Русија ќе се соочи со жестоки економски санкции ако ја нападне Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира