РУСИЈА ЌЕ ЗАПЛЕНИ СТОТИЦИ АВИОНИ ИЗНАЈМЕНИ ОД СТРАНСКИ КОМПАНИИ ЗА ДА МОЖЕ ДА ГИ ОДРЖУВА ДОМАШНИТЕ ЛЕТОВИ

    РУСИЈА ЌЕ ЗАПЛЕНИ СТОТИЦИ АВИОНИ ИЗНАЈМЕНИ ОД СТРАНСКИ КОМПАНИИ ЗА ДА МОЖЕ ДА ГИ ОДРЖУВА ДОМАШНИТЕ ЛЕТОВИСамо 144 авиони во активната флота на руските авиокомпании се направени во Русија (Фото: Шатерсток)

    Русија ќе заплени стотици комерцијални авиони во сопственост на американски и европски лизинг компании, што ќе им овозможи на руските авиокомпании да ги задржат нивните изнајмени авиони и да ги одржуваат домашните авиолинии. Законот што го потпиша Путин е дел од владините мерки против западните санкции и ќе им овозможи на домашните авиокомпании да ги регистрираат авионите изнајмени од странски компании во Русија, кои пак нема да можат да ги повратат без одобрение на руската влада.

    Американските и европските санкции за Русија им налагаат на лизинг компаниите да ги повлечат сите свои авиони од земјата до крајот на месецот. „Боинг“ и „Ербас“ веќе го прекинаа пристапот на руските авиокомпании до резервни делови за авиони потребни за безбедно летање.

    Само 144 авиони во активната флота на руските авиокомпании се направени во Русија, додека 85% од авионите произведени во странство се во сопственост на лизинг компании.

    Лизинг компаниите досега не го коментираа потегот на Русија и нејасно е дали воопшто сакаат да си ги земат авионите, чија вкупна вредност е 12,4 милијарди долари.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира