РУСИЈА ЛАНСИРАШЕ НОВИ РАКЕТНИ НАПАДИ НА УКРАИНА И МАСОВНО ИСПРАЌА ВОЈНИЦИ НА ИСТОЧНИОТ ФРОНТ

    РУСИЈА ЛАНСИРАШЕ НОВИ РАКЕТНИ НАПАДИ НА УКРАИНА И МАСОВНО ИСПРАЌА ВОЈНИЦИ НА ИСТОЧНИОТ ФРОНТУкраинските сили со месеци успешно го бранат Бахмут (Фото: Гети)

    Русија лансираше нови ракетни напади на Украина, додека се интензивираат борбите на источниот фронт, а западните сојузници ветуваат дека ќе ја зголемат воената помош за украинските вооружени сили во пресрет на очекуваната руска офанзива.

    Украинските власти кажаа дека противвоздушната одбрана соборила осум проектили „калибр“ испукани од брод во Црното Море, но неколку проектили паднаа во северна и западна Украина, како и во централните региони Днепар и Кировград.

    Еден проектил погоди индустриски објект во Лвов, предизвикувајќи пожар, што е ставен под контрола“, кажаа властите.

    Засилена со десетици илјади резервисти мобилизирани во декември, руската војска ги засили копнените напади во јужна и источна Украина во изминатите недели.

    Ситуацијата е тензична, но нашите војници не му дозволуваат на непријателот да ги оствари своите цели, и покрај постојаните напади“, изјави заменик-министерката за одбрана Хана Маљар.

    Руското министерство за одбрана вчера кажа дека украинските сили се повлекле неколку километри на фронтот во Луганск, без да изнесе детали.

    Ситуацијата е многу тешка за украинските сили кај Бахмут, зашто руските сили масовно се праќаат во оваа област“, кажа угледниот украински воен аналитичар Олег Жданов.

    Освојувањето на Бахмут би им овозможило на руските сили да тргнат позападно во Доњецк, кон далеку поголемите градови Краматорск и Словјанск.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира