РУСИЈА ОБЈАВИ ДЕКА ЦЕЛОСНО ЈА ПОВЛЕКЛА ВОЈСКАТА ОД ХЕРСОН И ЗАПАДНИОТ БРЕГ НА ДНЕПАР

    РУСИЈА ОБЈАВИ ДЕКА ЦЕЛОСНО ЈА ПОВЛЕКЛА ВОЈСКАТА ОД ХЕРСОН И ЗАПАДНИОТ БРЕГ НА ДНЕПАРРусија го опиша повлекувањето како прераспределување (Фото. Шатерсток)

    Руското министерство за одбрана објави дека „прераспределувањето“ на руските сили од западниот на источниот брег на Днепар е завршено, избегнувајќи го зборот повлекување.

    „Во пет часот по московско време беше комплетирано прераспределувањето на руските единици на левиот брег на Днепар. Притоа не беше оставено ниедно парче оружје и воена опрема. Сите руски војници се префрлени преку реката и немаше загуби во луѓе, воена опрема и материјал на руските вооружени групи“, соопшти министерството.

    Се проценува дека околу 20.000 руски војници биле стационирани на западниот брег на Днепар.

    Кремљ истовремено соопшти дека повлекувањето на руските сили од Херсон не значи промена на статусот на регионот, што Москва го смета за дел од Русија откако незаконски го анектираше на 30 септември.

    „Статусот на Херсон е фиксиран и тој е дел од Руската Федерација. Нема и не може да има промени“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Соочена со украинската противофанзива на југот, руската војска во средата објави дека ќе се повлече од западниот брег на Днепар, каде што се наоѓа и градот Херсон, зашто веќе не било можно да се доставуваат залихи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира