РУСИЈА ПЛАНИРА ДА КУПИ МИЛИОНИ РАКЕТИ И ГРАНАТИ ОД СЕВЕРНА КОРЕЈА, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИ РАЗУЗНАВАЧИ

    РУСИЈА ПЛАНИРА ДА КУПИ МИЛИОНИ РАКЕТИ И ГРАНАТИ ОД СЕВЕРНА КОРЕЈА, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИ РАЗУЗНАВАЧИСеверна Кореја се обидува да ги зацврсти своите односи со Русија (Фото: Гети)

    Руското министерство за одбрана е во процес на купување на милиони ракети и гранати од Северна Кореја за војната во Украина, велат американски разузнавачи.

    Фактот дека Русија бара помош од изолираната Северна Кореја покажува дека руската војска продолжува да страда од сериозен недостиг на залихи во Украина, делумно и како резултат на санкции и контрола на извозот“, изјави еден американски функционер кој побара да остане анонимен.

    Американските разузнавачи веруваат дека Русија во иднина ќе се обиде да обезбеди и дополнителна воена опрема од Северна Кореја.

    Извештајот, што прв го објави „Њујорк тајмс“, следува откако администрацијата на Џо Бајден неодамна потврди дека руската војска минатиот месец добила дронови од иранско производство за потребите на војната во Украина. Станува збор за дронови од типот „мохаџер-6“ и „шахед“.

    Северна Кореја, која ја призна независноста на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, се обидува да ги зацврсти своите односи со Русија и Кина, при што ги обвини САД за украинската криза. Евентуалните испораки на севернокорејското оружје на Русија би биле прекршување на резолуции на ОН со кои земјата има забрана за извоз и увоз на оружје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира