РУСИЈА СО ПОМОШ НА КИНА ЈА СПРЕМА НАЈГОЛЕМАТА ВОЕНА ВЕЖБА ПО СТУДЕНАТА ВОЈНА

    РУСИЈА СО ПОМОШ НА КИНА ЈА СПРЕМА НАЈГОЛЕМАТА ВОЕНА ВЕЖБА ПО СТУДЕНАТА ВОЈНАВежбата која ќе се подготвува со недели во источен Сибир со над 300 илјади војници е налсовена Восток. (Фото: Би-Би-Си)

    Русија ги почна подготовките за најголемата воена вежба после Студената војна, ангажирајќи над 300.000 војници, вклучувајќи и сили од соседните Кина и Монголија.

    Според руското Министерство за одбрана, вежбата која ќе се подготвува со недели во источен Сибир насловена како Восток ќе биде најголемата од 1981 година.

    Учеството на Кина во вежбата со 32 илјади војници е пример за зголемување на соработка со Русика како сојузник, соопшти Кремљ.
    Вежбата доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Русија и НАТО.

    Русија и Кина се меѓу земјите основачи на Евро-азиската алијанса за безбедност и економија, додека Монголија има статус на набљудувач.

    Минатата година, Русија изврши повеќе воени вежби во нејзините западни региони, во соработка со Белорусија. На најголемата од тие вежби, насловена како Западни вежби, учествуваа 13.000 војници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира