РУСИЈА ПРЕКУ САЈТОВИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК ШИРИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ ЗА ПАНДЕМИЈАТА, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИ РАЗУЗНАВАЧИ

    РУСИЈА ПРЕКУ САЈТОВИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК ШИРИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ ЗА ПАНДЕМИЈАТА, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИ РАЗУЗНАВАЧИСајтови контролирани од руски разузнавачи објавиле 150 текстови во последните два месеца (Фото: АП)

    Руските разузнавачки служби користат три сајта на англиски јазик за да шират дезинформации за пандемијата на коронавирусот, обидувајќи се да ја искористат кризата што Америка се мачи да ја скроти во пресрет на претседателските избори во ноември, велат американски официјални лица.

    Двајца Руси кои имале високи позиции во руската разузнавачка служба ГРУ се идентификувани како одговорни за ширењето дезинформации, чија цел се американската и западната публика, велат извори од американската влада. Информацијата досега била тајна, но ваква ознака била тргната за да се разоткријат конкретните сајтови и нивната очигледна врска со руските разузнавачи.

    Од крајот на мај до почетокот на јули, овие сајтови објавиле околу 150 текстови за пандемијата. Официјални лица велат дека руското дезинформирање е дел од постојаните напори да се наметне лажната нарација и да се создаде конфузија, но тие не потврдуваат дали ова е директно поврзано со претстојните избори.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари