РУСИЈА ПРОТЕРА 23 БРИТАНСКИ ДИПЛОМАТИ, ИМААТ ЕДНА НЕДЕЛА ДА ЗАМИНАТ

    РУСИЈА ПРОТЕРА 23 БРИТАНСКИ ДИПЛОМАТИ, ИМААТ ЕДНА НЕДЕЛА ДА ЗАМИНАТБританскиот амбасадор во Русија Лори Бристоу денес беше повикан во руското министерство за надворешни работи. (Фото: Ројтерс)

    Русија протера 23 британски дипломати, како резултат на тензиите околу нападот со нервен гас на поранешниот руски шпион и неговата ќерка во Велика Британија.

    Министерството за надворешни работи на Русија кажа дека персоналот од британската амбасада во Москва ќе биде протеран во рок од една недела. Исто така соопшти дека ќе го затвори Британскиот совет во Русија, кој промовира културни врски меѓу нациите и Британскиот конзулат во Санкт Петербург.

    Потегот доаѓа како одговор на одлуката на Британија да протера 23 руски дипломати.

    Тие добија наредба да заминат по инцидентот на 4 март, за кој британската влада ја обвини Русија, но таа негираше.

    Поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал, кој има 66 години, и неговата ќерка Јулија Скрипал, која има 33 години, се во критична состојба во болница, откако беа пронајдени без свест на клупа во Салисбури.

    Британската влада кажа дека тие биле отруени со нервен гас, развиен во Русија и наречен „новичок“, а премиерката Тереза Меј кажа дека верува дека Москва е одговорна.

    Министерот за надворешни работи Борис Џонсон вчера кажа дека најверојатно рускиот претседател Владимир Путин дал наредба за нападот со нервен гас.

    Британскиот амбасадор во Русија Лори Бристоу денес беше повикан во руското министерство за надворешни работи и му беше предаден рускиот одговор на британските санкции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира