Руското министерство за одбрана истражува дали руски воздушен напад во Сирија го убил лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади, објави новинската агенција ТАСС.
Нападот се случил на крајот на мај на јужнaта периферија на градот ал-Рака. Лидерите на Исламската Држава имале средба на 28 мај истиот ден кога бил нападот.
„Според информациите, потврдени од разни извори, на средбата бил присутен и лидерот на ИД Ибрахим Абу Бакр ал-Багдади, кој бил елиминиран во нападот“, соопшти руското министерство за одбрана.