РУСИЈА ВЕРБАЛНО ГИ ПРИФАТИ СИТЕ НАШИ ПРЕДЛОЗИ, ОСВЕН ЗА КРИМ, ВЕЛИ ШЕФОТ НА УКРАИНСКИОТ ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ

    РУСИЈА ВЕРБАЛНО ГИ ПРИФАТИ СИТЕ НАШИ ПРЕДЛОЗИ, ОСВЕН ЗА КРИМ, ВЕЛИ ШЕФОТ НА УКРАИНСКИОТ ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМПреговарачките тимови на Русија и Украина на средба во Белорусија. (Фото: ТАСС)

    Шефот на украинскиот преговарачки тим Давид Аракамија вели дека Русија вербално се согласила на клучните украински предлози. Аракамија за украинскиот медиуми изјави дека евентуалната средба меѓу претседателите на двете земји, Володимир Зеленски и Владимир Путин, би се случила најверојатно во Турција.

    „Руската федерација ни даде официјален одговор на сите позиции дека тие го прифаќаат украинскиот предлог, со исклучок на прашањето за Крим“, рече Аракамија.

    Тој додаде дека нема официјален одговор на писмено, туку дека руската страна одговорила вербално.

    Аракамија вели дека Москва се согласила на преговорите да се одржи референдум во Украина за неутралниот статус на земјата.

    Прашан што ќе се случи ако Украинците на референдумот гласаат против неутралниот статус на земјата, Аракамија рече дека ќе се врати состојбата на војна или ќе се вратат на преговори.

    Москва инсистира Украина да има неутрален статус, т.е. да се откаже од амбициите за членство во НАТО. Русија го анектираше Крим во 2014 година.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира