РУСИЈА ВО ОКТОМВРИ ЌЕ ПОЧНЕ СО МАСОВНО ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ КОВИД-19

    РУСИЈА ВО ОКТОМВРИ ЌЕ ПОЧНЕ СО МАСОВНО ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ КОВИД-19Вакцината развиена од државниот истражувачки институт „Гамалеја“ веќе ги поминала клиничките тестирања (Фото: ТАСС)

    Русија се подготвува да започне со масовно вакцинирање против новиот коронавирус во октомври, изјави министерот за здравство Михаил Мурашко. Тој кажа дека завршиле клиничките тестирања на вакцината развиена од државниот истражувачки институт „Гамалеја“ во Москва и дека прво ќе ја примат здравствените работници и учителите.

    „Планираме широко вакцинирање во октомври“, изјави Мурашко.

    Оваа недела, извор за агенцијата „Ројтерс“ откри дека првата руска можна вакцина против ковид-19 ќе добие одобрение од локално регулаторно тело овој месец и потоа ќе им биде проследена на здравствените установи.

    Во Русија денеска се потврдени 5.462 нови случаи на коронавирус и 95 починати, вкупно 14.058 досега.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари