РУСИЈА ЗАПЛЕНИ ТРИ УКРАИНСКИ БРОДОВИ КАЈ КРИМ, УКРАИНА НАЈАВИ ВОВЕДУВАЊЕ ВОЕНА СОСТОЈБА

    РУСИЈА ЗАПЛЕНИ ТРИ УКРАИНСКИ БРОДОВИ КАЈ КРИМ, УКРАИНА НАЈАВИ ВОВЕДУВАЊЕ ВОЕНА СОСТОЈБАРусија со танкер ги блокираше бродовите на патот кон Азовско Море (Фото: Ројтерс)

    Русија заплени три украински бродови покрај брегот на полуостровот Крим, што предизвика нова ескалација на тензиите помеѓу двете земји.

    Украина соопшти дека било пукано на нив и дека се повредени шеста члена на екипажот на бродовите. Двете земји меѓусебно се обвинуваат за инцидентот и Украина најави дека би можела да прогласи воена состојба.

    Кризата почна кога Русија ги обвини украинските бродови дека нелегално влегле во нејзини води. Бродовите утрово се обидоа да испловат од Одеса, тргнувајќи кон Мариопол преку Азовско Море. Киев соопшти дека Русија ги пресрела бродовите, запирајќи еден од нив, додека другите два биле блокирани од танкер под мостот Керч.

    Украинскиот претседател Петро Порошенко свикал итна седница на својот воен кабинет поради инцидентот, кажа неговиот портпарол.

    Русија испрати два борбени авиони и два хеликоптери во областа, додавајќи дека сообраќајот бил запрен од безбедносни причини.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира