РУСИТЕ БОМБАРДИРАА ШКОЛО ВО МАРИУПОЛ, ВО ЗАСОЛНИШТЕТО ПОД УРНАТИНИТЕ ЗАРОБЕНИ 400 ДЕЦА, ЖЕНИ И СТАРИ

    РУСИТЕ БОМБАРДИРАА ШКОЛО ВО МАРИУПОЛ, ВО ЗАСОЛНИШТЕТО ПОД УРНАТИНИТЕ ЗАРОБЕНИ 400 ДЕЦА, ЖЕНИ И СТАРИРуските сили во средата бомбардираа и театар во Мариупол во чиј подрум се засолнуваа над 1.000 цивили; - Сателитска снимка. (Фото: АП)

    Украинските власти соопштија дека руската војска бомбардирала уметничко училиште во Мариупол во кое се засолниле околу 400 луѓе, главно деца, жени и стари, а претседателот Володимир Зеленски изјави дека немилосрдната опсада од руските војници ќе влезе во историјата поради, како што рече, воените злосторства. Локалните власти соопштија дека зградата на училиштето е уништена и дека има заробени под урнатините. Засега нема информации за жртви.

    Руските сили во средата бомбардираа и театар во Мариупол во чиј подрум се засолнуваа над 1.000 цивили. Градските власти соопштија дека 130 луѓе биле спасени, но многу повеќе се под урнатините. Претходно, руски воздушен напад погоди породилиште во Мариупол.

    „Да се ​​направи ова на мирен град, она што го направија окупаторите, е терор што ќе се памети со векови“, рече Зеленски во видеообраќање до нацијата.

    Мариупол, стратешкото пристаниште на Азовското Море, е опколен од руските трупи, прекинато од снабдувањето со енергија, храна и вода постојано е под немилосрдно бомбардирање. Локалните власти соопштија дека во опсадата досега загинале најмалку 2.300 луѓе, а некои од нив морале да бидат закопани во масовни гробници.

    Руските сили навлегоа подлабоко во погодениот град, каде во тешките борби беше затворена една од најголемите европски фабрики за челик, а локалните власти вчера побараа поголема помош од Западот.

    „Умираат деца, постари луѓе. Градот е уништен и избришан од лицето на земјата“, рече полицаец од Мариупол снимен на улица со урнатини, во видео упатено до западните лидери.

    Градските власти во Мариупол вчера ја обвинија Русија дека изминатата недела однела илјадници локални жители преку границата против нивна волја. „Би-Би-Си“ објави дека допрва треба да ги потврди овие тврдења, но веќе има повеќе сведоштва за тоа. Еден украински функционер изјави за „Њујорк тајмс“ дека меѓу 4.000 и 4.500 жители биле преместени во Тангарог, град во Ростовската област што се граничи со југоисточниот дел на Украина. Тој додаде дека биле земени без нивните пасоши.

    Украинската војска соопшти дека Русија вчера ги прекинала офанзивните операции, за да ги надополнува резервите и поправи опремата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира