Руската офанзива во Украина пропаѓа и руската операција во регионот Донбас е во застој, кажа денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„Руската војна во Украина е оди како Москва планира. Тие не успеаја да го заземат Киев. Се повлекуваат од Харкив и нивната голема офанзива во Донбас е во застој“, изјави Столтенберг на прес-конференција преку видеолинк.
И британското воено разузнавање денеска објави дека руската офанзива во Донбас го изгуби импулсот и падна значително зад планираниот распоред. Британското воено разузнавање предвидува дека напредувањето на руските сили нема да драматично да забрза во наредните 30 дена.
Денеска е 81. ден од руската инвазија на Украина.