РУСКАТА ОФАНЗИВА ВО ДОНБАС Е ВО ЗАСТОЈ, ВЕЛИ НАТО

    РУСКАТА ОФАНЗИВА ВО ДОНБАС Е ВО ЗАСТОЈ, ВЕЛИ НАТОУкраински војници во увид на напуштен руски тенк во источна Украина. (Фото: Украинска армија)

    Руската офанзива во Украина пропаѓа и руската операција во регионот Донбас е во застој, кажа денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

    „Руската војна во Украина е оди како Москва планира. Тие не успеаја да го заземат Киев. Се повлекуваат од Харкив и нивната голема офанзива во Донбас е во застој“, изјави Столтенберг на прес-конференција преку видеолинк.

    И британското воено разузнавање денеска објави дека руската офанзива во Донбас го изгуби импулсот и падна значително зад планираниот распоред. Британското воено разузнавање предвидува дека напредувањето на руските сили нема да драматично да забрза во наредните 30 дена.

    Денеска е 81. ден од руската инвазија на Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира