РУСКИ ХАКЕРИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ВЛИЈААТ НА ИЗБОРИТЕ ВО САД, ПОТВРДИ АМЕРИКАНСКИ ФУНКЦИОНЕР

    РУСКИ ХАКЕРИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ВЛИЈААТ НА ИЗБОРИТЕ ВО САД, ПОТВРДИ АМЕРИКАНСКИ ФУНКЦИОНЕРПотсекретарката во американското министерство за внатрешна безбедност Џенет Манфра вчера сведочеше пред Комитетот за разузнавање во Сенатот. (Фото: Ројтерс)

    Функционер на американското министерство за внатрешна безбедност кажа дека 21 од 50-те држави биле цел на руски хакери во неделите пред ноемвриските претседателски избори.

    „Утврдивме дека изборни системи поврзани на интернет во 21 држава биле потенцијални цели на руските кибер напади“, изјави Џенет Манфра, која е в.д. потсекретарка за кибербезбедност и комуникации.

    Обидите за пробивање следувале по наводното руско хакирање на електронската пошта на Демократската партија, за кое што американските разузнавачки агенции велат дека било дел од поширокиот план да се влијае на изборите во земјата. Руското мешање е во центарот на актуелната истрага во САД, во чиј фокус е и можната соработка меѓу кампањата на претседателот Доналд Трамп и руски функционери.

    Хакерите изгледа дека барале слабости во системот, слично како што би се шетал крадец по улица за да види дали има некој дома.
    „Мал дел од системите биле неуспешно пробиени, како некој да пробал да ја обие бравата, но не успеал да влезе, така да се изразам. Конечно, мал број од мрежите биле успешно пробиени. Тие успеале да влезат низ вратата“, рече Манфра.

    Таа одби да открие детали околу тоа кои држави биле опфатени, но кажа дека немало пробиени системи за пребројување на гласовите.
    

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира