РУСКИТЕ ВЛАСТИ ЌЕ ГО ЧУВААТ ТЕЛОТО НА НАВАЛНИ УШТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ЗАШТО СЕ ПРАВАТ ХЕМИСКИ АНАЛИЗИ

    РУСКИТЕ ВЛАСТИ ЌЕ ГО ЧУВААТ ТЕЛОТО НА НАВАЛНИ УШТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ЗАШТО СЕ ПРАВАТ ХЕМИСКИ АНАЛИЗИРуските власти не потврдија каде се наоѓа телото на Навални (Фото: АО)

    Семејството на Алексеј Навални кажа дека руските власти планираат да го чуваат неговото тело уште две недели. Кира Јармиш, која му беше портпаролка на Навални, изјави дека неговата мајка била известена дека телото е задржано со цел да се направат хемиски анализи.

    Руските власти не потврдија каде се наоѓа телото на Навални, а напорите тоа да се лоцира беа спречени. Неговата вдовица Јулија Навалнаја ги обвини дека го кријат телото.

    Во видео во кое вети дека ќе ја продолжи неговата борба за слободна Русија, Навалнаја вчера кажа дека телото на Навални ќе се крие додека не исчезнат трагите на труење со нервниот агенс новичок. Навални во 2020 беше отруен со новичок, по што неколку месеци се лекуваше во Германија.

    Смртта на Навални (47), кој беше затворен во една од најстрогите и најзафрлени казнени колонии во Русија, беше објавена во петокот. Затворските служби тогаш кажаа дека тој ненадејно починал по прошетка, додека руските власти вчера изјавија дека причината за смртта и натаму се утврдува.

    Истражителите ѝ кажале на мајката на Навални, Људмила, дека телото нема да биде предадено уште две недели зашто се вршат хемиски анализи“, кажа Јармиш.

    Како и Навалнаја, и западните лидери го обвинија Путин за смртта на Навални, кој беше неговиот најгласен и најхрабар критичар и противник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира