СЀ УШТЕ Е ПРЕОПАСНО ДА СЕ ОЛЕСНИ КАРАНТИНОТ ВО БРИТАНИЈА, КАЖА БОРИС ЏОНСОН ОТКАКО СЕ ВРАТИ НА РАБОТА

    СЀ УШТЕ Е ПРЕОПАСНО ДА СЕ ОЛЕСНИ КАРАНТИНОТ ВО БРИТАНИЈА, КАЖА БОРИС ЏОНСОН ОТКАКО СЕ ВРАТИ НА РАБОТАЏонсон ја спореди болеста со невидлив уличен криминалец (Фото: Ројтерс)

    Борис Џонсон денеска се врати на премиерската функција откако се излекува од КОВИД-19 и веднаш предупреди дека е прерано и преопасно да се олеснат рестриктивните мерки во Велика Британија бидејќи постои страв од нов смртоносен бран на зараза.

    Споредувајќи ја болеста со невидлив уличен криминалец, тој изгледаше здраво на своето прво појавување во јавност откако беше отпуштен од болница на 12 април.

    „Ако продолжиме да го покажуваме истиот дух на единство и посветеност како во изминатите шест недели, немам никаков сомнеж дека ќе успееме да победиме. Барам од вас да се стрпите уште малку, затоа што верувам дека се наоѓаме на крајот на првата фаза на овој конфликт“, изјави Џонсон, кој имаше позитивен тест на коронавирус пред нешто повеќе од еден месец.

    Во Велика Британија досега починаа 20.732 луѓе од КОВИД-19, што ги вклучува само податоците од болници, па се верува дека бројката е доста повисока.

    Џонсон кажа дека не сака да избрзува со укинувањето на карантинот, воведен на 23 март, иако е свесен дека невработеноста се зголемува, а Велика Британија се соочува со најголемата рецесија во последните три века. Владата на 7 мај ќе разгледува евентуално ревидирање на мерките.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира