САД ГО НАДМИНАА ВРВОТ НА ЗАРАЗАТА, КАЖА ТРАМП И НАЈАВИ ОЛЕСНУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ

    САД ГО НАДМИНАА ВРВОТ НА ЗАРАЗАТА, КАЖА ТРАМП И НАЈАВИ ОЛЕСНУВАЊЕ НА МЕРКИТЕТрамп денеска ќе објави насоки на повторното отворање на американската економија (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека ширењето на коронавирусот во САД го надминало врвот и најави дека некои сојузни држави повторно ќе се отворат овој месец. На редовниот брифинг во Белата куќа, Трамп кажа дека денеска ќе објави насоки на повторното отворање на американската економија.

    Во исто време, се очекува британската влада да го продолжи карантинот во земјата за уште три недели.

    „Ние знаеме како да се вратиме. Си ја сакаме назад нашата земја“, изјави Трамп.

    Во САД досега има речиси 640.000 потврдени случаи на коронавирус, а починале над 30.800 пациенти.

    „Податоците од целата земја укажуваат на тоа дека сме го надминале врвот на заразата. Се надевам дека ќе продолжиме да покажуваме голем напредок“, изјави Трамп.

    Запрашан зошто во САД има така голема бројка мртви од КОВИД-19, Трамп ги обвини другите земји дека лажат за својата стапка на смртност.

    „Зарем некој верува во бројките што ги прикажува Кина или други земји? Исто така, испитуваме некои непотврдени извештаи дека коронавирусот излегол од лабораторија во Вухан, а не од пазар“, кажа Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира