САД И ТАЛИБАНЦИТЕ ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО АВГАНИСТАН

    САД И ТАЛИБАНЦИТЕ ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО АВГАНИСТАНМировниот договор беше потпишан во Доха (Фото: АП)

    САД и Талибанците потпишаа договор кој треба да доведе до траен мир во Авганистан по 18 години воен конфликт.

    САД и сојузниците од НАТО се согласија да ги повлечат сите свои војници од земјата во наредните 14 месеци доколку милитантите се придржуваат до договорот, на чие потпишување во Доха присуствуваа државниот секретар Мајк Помпео и талибански лидери. Следен чекор се преговори помеѓу Талибанците и авганистанската влада.

    Според договорот, Талибанците се обврзаа да не им дозволат на Ал-Каеда и на други екстремистички групи да дејствуваат во регионите што тие ги контролираат.

    САД извршија инвазија во Авганистан набргу по нападите од 11 септември 2001 и оттогаш загинаа над 2.400 американски војници. Тие и натаму во голем број се присутни во земјата, но Доналд Трамп вети дека ќе стави крај на конфликтот и сите ќе ги врати дома.

    Бројките за авганистанските жртви тешко можат да се проценат и потврдат. Според извештајот на Обединетите нации од февруари 2019, загинале повеќе од 32.000 цивили. Кабул не учествуваше во овие преговори.

    „Ова е момент на надеж, но е само почеток. Патот што следува нема да биде лесен. Постигнување траен мир во земјата ќе бара многу трпение и компромиси од сите страни“, кажа министерот за одбрана на САД Мајк Еспер.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира