САД ЌЕ ИСПРАТАТ НОВА ВОЕНА ПОМОШ ОД 3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА УКРАИНА

    САД ЌЕ ИСПРАТАТ НОВА ВОЕНА ПОМОШ ОД 3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА УКРАИНАУкраина денеска го одбележува Денот на независноста, како и шест месеци од почетокот на руската инвазија. (Фото: АП)

    САД ќе испратат нова воена помош од 3 милијарди долари за Украина, која денеска го одбележува Денот на независноста, како и шест месеци од почетокот на руската инвазија. Соопштението од Белата куќа се очекува подоцна денеска, потврди американски официјален претставник, а доаѓа откако Вашингтон предупреди дека Москва би можела да планира напади врз главните цивилни цели во Украина за нејзиниот национален празник.

    Военото финансирање ќе и помогне на Украина да набави повеќе оружје, муниција и други резерви за нејзините вооружени сили. Официјалните лица рекоа дека помошта ќе вклучува пари за малите рачно лансирани беспилотни летала „пума“, поиздржливите дронови за набљудување „скан игл“ кои се лансираат со катапулт и, за прв пат, британскиот систем за беспилотни летала „вампир“, кој може да се лансира од бродовите. Ова ќе биде најголемиот единствен пакет воена помош од САД за помош на Украина, откако веќе обезбеди повеќе од 10 милијарди долари помош од почетокот на војната.

    Украина го одбележува Денот на независноста во услови на строги безбедносни мерки поради страв од обновени руски напади.На Денот на независноста во Киев обично се одржува голема воена парада низ центарот на градот, но, јавните настани во главниот град се забранети поради загриженоста дека тие би можеле да станат цел на напади.

    Американските власти велат дека Русија најверојатно ќе ги засили напорите за напад на цивилни цели. Претседателот Зеленски вети дека ќе ги „ослободи“ сите територии на Украина окупирани од Русија без „никаква отстапка или компромис“. Тензиите се особено високи по експлозиите во окупираниот од Русија Крим и атентатот на руската политичка коментаторка Дарија Дугина, ќерката на ултранционалистикиот идеолог Александар Дугин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира