САД ЌЕ ОТВОРАТ ДВЕ НОВИ ВОЕНИ БАЗИ ВО ГРЦИЈА

    САД ЌЕ ОТВОРАТ ДВЕ НОВИ ВОЕНИ БАЗИ ВО ГРЦИЈАГрција сака да ги унапреди односите со САД и заради мирно решавање на споровите во источен Медитеран (Фото: американска морнарица)

    Грција и САД дополнително ќе го зајакнат своето воено партнерство со проширување на Договорот за заемна одбранбена соработка, што ќе биде потпишано на крајот на следниот месец или во почетокот на октомври. Тоа ќе вклучи и отворање нови американски воени бази во Грција.

    Една од нив ќе се наоѓа во северниот регион Еврос, најверојатно во Ксанти, а другата треба да се отвори во Егејското Море, на островот Скирос. Според весникот „Катимерини“, тоа се двете локации на кои што Грција веќе подолго време сака да го засили американското присуство.

    Во опција е и надградување на пристаниште во северна Грција, најверојатно Кавала, каде што исто така би биле стационирани американски војници. Двете земји дискутираат и за проширување на базата во Лариса, за да може да вклучи и беспилотни летала.

    Аналитичарите велат дека Грција сака да ги унапреди своите односи со САД во периодот кога Турција се обидува да наметне поголемо влијание по враќањето на Талибанците на власт во Авганистан, но и заради мирно решавање на споровите во источен Медитеран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира