САД купуваат уште 200 милиони дози од вакцината против ковид-19 на „Фајзер/Бионтек“, како дел од подготовките за имунизација на децата и за евентуална потреба од трета доза за целосно вакцнираните возрасни, соопшти Белата куќа. Половина од дозите треба да бидат испорачани до крајот на годинава, а останатите до април вгодина, според „Фајзер“.
Тоа значи дека годинава американската влада нарачала вкупно 500 милиони дози од „Фајзер“. Лани, САД имаше нарачано 600 милиони дози, а дополнително нарача и 500 милиони дози за распределба во други земји.
САД имаат повеќе од доволно вакцини за да ги покријат своите потреби, но интересот за вакцинирање значително опадна во последно време. По 6 месеци, целосно вакцинирано е речиси половина од населението. Засега, може да се вакцинира секој од 12 години па нагоре. Сепак, администрацијата на претседателот Џо Бајден планира да има доволно вакцини за секој случај, како на пример да се намали возрасната граница за вакцинација, како и евентуалната потреба да се дава трета доза за возрасните заради поефикасна заштита од новите соеви на кронавирусот.
САД во странство праќаат вакцини и од другите производители, како „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“ и „АстраЗенека“. Само изминатава недела испратени се 22 милиони дози, рече портаролката на Белата куќа.