САД ПО 20 МЕСЕЦИ ГИ ОТВОРААТ ГРАНИЦИТЕ ЗА ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИТЕ ПАТНИЦИ

    САД ПО 20 МЕСЕЦИ ГИ ОТВОРААТ ГРАНИЦИТЕ ЗА ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИТЕ ПАТНИЦИЌе се прифаќаат сите вакцини одобрени од Светската здравствена организација (Фото: АП)

    САД денеска ги отвораат своите граници за целосно вакцинираните странски патници, укинувајќи ја забраната што Доналд Трамп ја воведе пред 20 месеци поради ковид-19. Таа ги погоди неамериканските граѓани од повеќе од 30 држави, меѓу кои и Велика Британија и земји од Европска Унија, разделувајќи семејства и запирајќи го туризмот. Авиокомпаниите очекуваат наплив од патници по укинувањето на рестрикциите.

    Забраната за патување во САД се однесуваше на сите кои биле во Велика Британија и бројни други европски држави, како и Кина, Индија, Јужна Африка, Иран и Бразил.

    Според новите правила, патниците пред летот ќе мора да приложат доказ за примени две вакцини и негативен тест за коронавирус не постар од 72 часа и да дадат информации за своите контакти. Тие нема да мора да одат во карантин. Здравствените власти објавија дека ќе се прифаќаат сите вакцини одобрени од Светската здравствена организација, што ги опфаќа и кинеските, но не и „спутник“.

    САД исто така ќе ги отворат своите копнени граници во Канада и Мексико за целосно вакцинираните.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира