САД СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД ПАКТОТ ЗА КОНТРОЛА НА ВООРУЖУВАЊЕТО СО РУСИЈА

    САД СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД ПАКТОТ ЗА КОНТРОЛА НА ВООРУЖУВАЊЕТО СО РУСИЈАДржавниот секретар Мајк Помпео вели дека договорот целосно ќе биде укинат ако Русија не почне да се однесува согласно со него (Фото: АП)

    Државниот секретар Мајк Помпео објави дека САД се повлекуваат од клучниот договор за контрола на вооружувањето, што беше потпишан уште во времето на Студената војна.

    Овој потег беше најавен од Доналд Трамп уште пред неколку месеци и уследи по години и години обвинувања дека Русија не го почитува пактот од 1987, со кој се забранува одреден тип проектили земја-воздух. Русија цело време негира дека го крши договорот.

    „САД утре ќе ги суспендира сите свои обврски од договорот. Ако Русија не почне да се однесува во согласност со договорот, тој целосно ќе биде укинат“, изјави Помпео.

    Освен за Русија, САД изразија загриженост дека и Кина, која не потписник на договорот, распоредува голем број проектили во Азија, на што тие досега не можеле да возвратат.

    Аналитичарите предупредуваат дека без овој договор би можела да почне нова трка во вооружувањето. Со овој пакт беа забранети проектили со дострел меѓу 500 и 5.000 километри.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира