САД СТАНАА ПРВА ДРЖАВА СО ПОВЕЌЕ ОД 1.000 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ЕДЕН ДЕН

    САД СТАНАА ПРВА ДРЖАВА СО ПОВЕЌЕ ОД 1.000 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ЕДЕН ДЕНВо САД досега има над 245.000 заразени, најмногу на светот (Фото: АП)

    САД станаа прва земја во која што во еден ден биле регистрирани повеќе од 1.000 смртни случаи од КОВИД-19, додека бројката заразени на светско ниво ја надмина границата од еден милион.

    Според универзитетот Џонс Хопкинс, во САД во последните 24 часа починале 1.169 луѓе, истиот ден кога беше објавено дека уште 6,6 милиони Американци останале без работа. Околу 90% од американското население моментално живее под наредбата да седи дома, а голем број фабрики, ресторани и други бизниси престанаа со работа. Економистите предупредуват дека економската криза во САД би можела да достигне ниво какво што не е видено од Големата депресија во 1930-ите.

    Според проценките на банкарскиот сектор, пандемијата на коронавирусот ќе ја чини светската економија 4,1 трилион (4.100 илјади) милијарди долари, што е околу 5% од севкупната економска активност.

    Во САД досега има над 245.000 заразени, најмногу на светот и над 6.000 починати.

    И во Германија сега има повеќе од 1.000 починати од КОВИД-19, додека бројката заразени порасна за 6.714 во еден ден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира