САО ПАУЛО ОТКОПУВА СТАРИ ГРОБОВИ ЗА ДА ИМА КАДЕ ДА ГИ ПОГРЕБУВА ЖРТВИТЕ НА КОВИД-19

    САО ПАУЛО ОТКОПУВА СТАРИ ГРОБОВИ ЗА ДА ИМА КАДЕ ДА ГИ ПОГРЕБУВА ЖРТВИТЕ НА КОВИД-19Сао Пауло е едно од најголемите жаришта во Јужна Америка, со речиси 5.500 починати (Фото: АП)

    Сао Пауло почна да откопува стари гробови за да ослободи место на своите гробишта додека се зголемува бројот на мртви од коронавирусот.

    КОВИД-19 досега однесе 42.000 животи во Бразил, додека, според министерството за здравство, има речиси 830.000 заразени, со што земјата сега изби на второто место во двете статистики, зад САД.

    Сао Пауло е едно од најголемите жаришта во Јужна Америка, со речиси 5.500 починати и локалните погребни служби дозволија ексхумација на останките на луѓето кои починале пред три години, кои потоа ќе бидат ставени во нумерирани кеси и складирани во посебни контејнери. Здравствените власти стравуваат од ново ширење на вирусот откако градоначалникот Бруно Ковас дозволи оваа недела повторно да се отворат бизниси, што може да доведе до гужви во јавниот превоз и трговските центри.

    Многумина здравствени експерти предвидуваат дека врвот на заразата во Бразил ќе се случи во август.

    „Ситуацијата во Бразил останува загрижувачка. Здравствениот систем засега се носи со епидемијата, иако веќе се наоѓа под голем притисок“, изјави шефот за вонредни ситуации во СЗО, д-р Мајкл Рајан.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира