СЕ ИСУШИ ДРВОТО ШТО ТРАМП И МАКРОН ЗАЕДНО ГО ПОСАДИЈА ВО ДВОРОТ НА БЕЛАТА КУЌА

    СЕ ИСУШИ ДРВОТО ШТО ТРАМП И МАКРОН ЗАЕДНО ГО ПОСАДИЈА ВО ДВОРОТ НА БЕЛАТА КУЌАМакрон ја донесол садницата од шумата Бејо, кадешто загинале над 1.800 Американци во 1918 (Фото: АФП)

    Дрвото што Доналд Трамп и Емануел Макрон заеднички го посадија во дворот на Белата куќа како симбол на силните врски помеѓу двете земји се исушило, објавија повеќе француски медиуми.

    Макрон му ја подарил садницата даб на Трамп при неговата ланска посета на САД, кога напиша на Твитер:

    „Пред 100 години, американските војници се бореа во Франција за да ја одбранат нашата слобода. Ова дрво, кое е мој подарок за Доналд Трамп, ќе биде потсетник на тие наши врски“.

    Весникот „Монд“ прв објави дека дрвото се исушило, повикувајќи се на дипломатски извори, што потоа беше потврдено и од „Фигаро“.

    Садницата беше донесена од шумата Бејо, североисточно од Париз, кадешто 1.811 Американци загинале во жестоките борби на крајот на Првата светска војна. По само неколку дена, дрвото исчезна од дворот, со појаснување дека е преселено во карантин, но таму се исушило.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира