САД ПОЧНАА СО СКРИНИНГ НА ПАТНИЦИ НА НЕКОИ АЕРОДРОМИ ПО ПОЈАВАТА НА НОВ МИСТЕРИОЗЕН ВИРУС ВО КИНА

    САД ПОЧНАА СО СКРИНИНГ НА ПАТНИЦИ НА НЕКОИ АЕРОДРОМИ ПО ПОЈАВАТА НА НОВ МИСТЕРИОЗЕН ВИРУС ВО КИНАРеспираторната болест за првпат беше откриена во декември во кинескиот град Вухан (Фото: Гети)

    Бројката на луѓе заразени со мистериозниот вирус што се појави во Кина е далеку поголема од она што е прикажано во официјалните бројки, велат научници.

    Засега постојат 50 лабораториски потврдени случаи, но британски стручњаци проценуваат дека бројката е околу 1.700. Досега е познато дека две лица починале од респираторната болест, што за првпат беше откриена во декември во кинескиот град Вухан.

    Прерано е да се крева паника, но моментално сум многу повеќе загрижен отколку пред една недела“, вели инфектологот Нил Фергусон.

    Сингапур и Хонгконг прават скрининг на патниците кои со авион доаѓаат од Вухан, а американските власти објавија дека слични мерки од вчера се на сила на аеродромите во Сан Франциско, Њујорк и Лос Анџелес.

    „Ризикот за американските граѓани засега е многу мал, но сакаме да бидеме подготвени. Секогаш е можно вирусот да мутира и да стане поопасен“, вели д-р Мартин Сетрон од американскиот Центар за контрола на болести.

    Иако болеста се појавила во централна Кина, пријавени се и два случаја во Тајланд и еден во Јапонија. Кинеските власти велат дека нема примери вирусот да е пренесен од човек на човек, туку тој ги преминал границите преку заразени животни од пазарот во Вухан.

    Светската здравствена организација заклучи дека инфекцијата е нов вид на коронавирус, од кој досега беа познати шест и анализите покажаа дека најмногу наликува на вирусот САРС, кој во 2002 година уби 774 луѓе во Кина. Таа не ја исклучува можноста дека вирусот може да се пренесе од човек на човек.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира